Собранието сака да биде пофалено, ќе ги подобри условите за новинарите

138

Собранието ќе ги подобри услови за работа на собраниските известувачи. За ова денеска генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, разговараше со новинарите.

Појаки и повеќе компјутери во прес центарот, слободен Фејсбук, подобра комуникација со Собранието, побрзо праќање информации. Новинарите бараат медиумите да може да го стримуваат собранискиот канал за во живо да ги пренесуваат пленарните седници.

Новинарите од телевизиите побараа посебен простор во прес центарот каде ќе можат линковски да се вклучат и да интервјуираат пратеници. Се бара Собранието да ги освежува снимките и фотографиите од координациите.

Иванова рече дека веднаш ќе може да се стави уште еден компјутер и да се обезбеди печатач, како и да се уреди посебно катче во прес центарот за интервјуа, и да се засили сигналот. Ќе има реформи на Собранискиот канал за што се обезбедени донации, додека за подобрување на техниката ќе се почека бидејќи изискува повеќе пари.

Иванова укажа дека Собранието неоправдано во јавноста се доживува во лошо светло, иако Парламентот многу работи и сметаат дека треба за тоа да бидат пофалени. Иванова како пример го наведе преведувањето на 35.000 амандмани за два дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...