Пратениците денеска не му го одзедоа мандатот на пратеникот Никола Груевски затоа што немаше двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници колку што предвидува Уставот.
Од вкупно 87 присутни пратеници, 58 гасаа „за“, а 29 „против“ предогот за одземање на мандатот на пратеникот Груевски доставен до пратениците од Kомисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.
Претходно до претседателот на собраниската комисија Павле Богоевски, беше испратено известување од Основен Суд Скопје 1 Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција за пресуда КОК бр. 59/17 од 23.05.2018 година со која пратеникот е осуден на казна затвор во траење од две години во сучајот „Тенк“.
Барањето за одземање на мандатот на Груевски беше иницирано според членот 59 од собранискиот Деловник според кој пратеник осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието доставува судот кој ја изрекол казната.