Собранието не го прифати предлогот на ВМРО – ДПМНЕ за амнестија на сите во крвавиот четврток

280

Собранието со 59 гласа „против“ и 25 „за“ не прифати предлог законот за амнестија што го поднесе пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ да биде на дневен ред на 66. седница.

Пратениците од опозицијата бараа овој закон да се донесе по скратена постапка и како што образложи пратеничката Невенка Стаменковска од ВМРО – ДПМНЕ, ако премиерот Зоран Заев и СДСМ сакаат вистинско национално помирување и неселективно спроведување на правдата, треба да го поддржат предогот за амнестија на сите уесници во настаните од 27 април.

-Игор Дурловски, Владо Јовановски, Борис Дамовски не се и не можат да бидат терористи, ниту вработените во МВР….Тоа го знаете и вие и целата македонска јавност. Целта на законот е национално помирување и враќање на нормалните теркови во државата. Ако сакате национално помирување и подадена рака,како што беше кажано од собраниската говорница, поддржете го нашиот Предлог закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 Април 2017 година, по скратена постапка, наместо селективното помирување во собраниското тело-  ги повика Стаменковска колегите од парламентарното мнозинство.

Зад овој закон стојат пратениците Драган Данев, Горан Манојлоски, Иван Иванов, Никола Мицевски, Весна Дамчевска Илиевска, Крсто Јовановски, Илија Димовски, Магдалена Манаскова, Слаѓана Митовска, Стојан Миланов, Нада Ципушева, Невенка Стаменковска, Дафина Стојаноска, Лилјана Затуроска, Павлинче Честојнова, Весна Пемова, Благица Ласовска, Жаклина Пешевска, Трајчо Димков, Владимир Ѓорчев, Трајко Вељаноски, Зоран Илиоски, Ане Лашкоска, Лилјана Кузмановска, Никола Попоски, Антонијо Милошоски, Емил Димитриев, Драган Цуклев, Димитар Стевананџија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...