Собранието еден месец не постапува по предлогот на Иванов за член на Судскиот совет

339

Собранието повеќе од еден месец не постапува по предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за нов член на Судскиот совет.

Оттаму потврдуваат дека согласно законските прописи и рокови уште во декември минатата година го доставиле предлогот на Иванов до Собранието. Оттаму не го откриваат името на предлогот, но велат дека се работи за професионалец, предлог кој е со долгогодишно искуство во таа област.

Согласно Уставот, претседателот предлага двајца членови на Судскиот совет на Република Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во државата. Членовите на Судскиот совет имаат мандат од шест години, со право на уште еден избор.

Предлогот на претседателот Иванов треба да го заземе местото на Беким Реџепи, чиј мандат како член на Судскиот совет истече на крајот на декември 2018 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...