Собранието ги констатира оставките на Наумов и Арсовски

290

Собранието ги констатира оставките на замениците министри за економија и за образование Кире Наумов и Петар Атанасов.

Ни Наумив, ни Арсовски не ја искористија можноста да ги образложат оставките.

Со констатацијата на оставките на замениците министри Собранието ја почна седницата за избор на новите министри за финансии и без ресор Нина Ангеловска и Хисен Џемаили. На седницата треба да се изберат и заменици министри и вицегувернер.

За заменик министер за економија е предложен Кирил Колемишевски, за заменик министер за образование и наука Елизабета Наумовска, а Неџад Мехмедовиќ за заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Пратениците на денешната седница треба да изберат и нов вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија, за што е предложен Фадил Бајрами.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...