Собранието ги констатира оставките на Адеми, Николовски, Дураку и Шапуриќ

393

Собранието констатира дека на министрите за култура, за земјоделство, за животна средина, министерот без ресор Асаф Адеми, Љупчо Николовски, Садула Дураку и Зоран Шапуриќ им престана мандатот, бидејќи тие претходно поднеле оставки.

Ниту еден од министрите не ја образложи својата оставка.

Впечатливо е дека оставка не поднел министерот за локална самоуправа Сухел Фазлиу. НДП не се согласи Фазлиу да поднесе оставка, бидејќи според лидерот Весел Мемеди тоа министерство и припаѓа на НДП.

Оставка нема ниту од министерот за финансии Драган Тевдовски и од вицепремиерот за Рамковниот договор Хазби Лика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...