Собранието вработува 16 државни службеници

612

Собранието на Македонија објави оглас за вработување на 16 државни службеници за неколку работни места.

Се бара помошник раководител на сектор во Кабинетот на претседателот на Собранието, со најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор. Од кандидатите се бара и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски). Платата за оваа позиција е 28.318 денари.

Собранието бара и раководител на одделение за архивско работење и општи работи, Сектор за административни работи за плата од 28.318 денари, помлад соработник за инвестиционо и тековно одржување на објектот, советник за развој на апликативен софтвер, раководител на oдделение за правни анализи и истражувања, советник-истражувач и аналитичар по современи политички системи, помошник раководител на сектор за седници на Собранието за плата од 31.342 денари, како и други позиции кои може да се видат на огласот објавен на страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Административната селекција која е фаза 1 се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 или испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 е проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...