Соботка: Со блокада на пристапните преговори на РСМ и Албанија се штети на кредибилитетот на ЕУ

Кој по тоа прашање има поинакво мислење,  не ја зема предвид опасноста од дестабилизација во економски и безбедносен поглед непосредно пред својот праг, нагласува Соботка.

567

Претседателот на австрискиот Парламент, Волфганг Соботка, ја поддржува европската интеграција на Северна Македонија, Албанија и целиот Западен Балкан и смета дека секој кој го блокира почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија го загрозува европскиот курс на Западен Балкан и штети на кредибилитетот на Унијата.

Ова го истакнува во очи состанокот на Интерпарламентарната унија во Белград и најавува дека конференцијата ќе ја искористи за натамошно уверување за потребата од почнување пристапни преговори со Скопје и Тирана.

– Јас сум уверен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија, Албанија и целиот Западен Балкан. Кандидатите за членство, Северна Македонија и Албанија во изминатите години направија важен напредок на патот на правно, политичко и економски приближување на ЕУ. Северна Македонија го заврши спорот околу името со Грција, поради тоа, даде важен придонес во помирувањето и преимер е за целиот регион. Понатамошно одложување на почетокот на преговорите би бил потполно погрешен сигнал, порачува во соопштение Соботка.

ЕУ, според него, е нецелосна без државите од Западен Балкан.

– Кој по тоа прашање има поинакво мислење,  не ја зема предвид опасноста од дестабилизација во економски и безбедносен поглед непосредно пред својот праг, нагласува Соботка.

Албанија и Северна Македонија, порачува, прават сеопфатни напори во областа на правосудството и демократизација на општеството.

-Сето тоа мора да се има предвид, а тоа значи почеток на претпристапни преговори ако земјите ги исполниле значајните критериуми, потенцира Соботка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...