Започнаа пробите на натпреварувачите од првата полуфинална вечер на Евровизија. Музичкиот натпревар годинава се одржува од 14 до 18 мај во Тел Авив.
За победа се борат 41 земја, а најголеми фаворити според обложувалниците се Холандија, Русија, Швајцарија, Италија и Шведска.
Нашата земја ќе биде претставувана од Тамара Тодевска со песната „Proud“, која за место во финалето ќе се бори на 16 мај.
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб