Сноуден за апсењето на Асанж вели дека ќе влезе во историја

291

Свиркачот Едвард Сноуден, кој се наоѓа на азил во Русија, се огласи по апсењето на Џулијан Асанж од страна на британската полиција.

– Слики од амбасадорот на Еквадор како ја поканува тајната полиција на Велика Британија во амбасадата да го извлече публицистот кој – ви се допаѓа или не – има добиено награда за новинарство, надвор од зградата, ќе завршат во книги за историјата. Критичарите на Асанж можеби се радуваат, но ова е мрачен момент за слободата на печатот – напиша Сноуден на Твитер.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...