Сноуден: Заробен сум во Русија бидејќи САД ми го поништија пасошот

256

Поранешниот американски разузнавач и свиркач Едвард Сноуден, кој доби азил во Русија, изјави дека верува оти „заробен“ во Москва, бидејќи САД му го поништија пасошот.

– Бев долгогодишен критичар на руската Влада. Го критикував рускиот претседател по име и рускиот закон за надзор. Видете тоа не ми го олеснува животот, заробен сум во земја која не ја избрав – истакна Сноуден во интервју за поткастот Џо Роган Експириенс.

Тој потсети дека бил на пат за Јужна Америка кога Владата на САД го поништила неговиот пасош, поради што е „заробен во Русија“.

– Тешко е да се биде ангажиран како граѓанска опозиција кон политиката на американската Влада, а во исто време да се критикува руската Влада, но чувствуван дека тоа е неопходно – наведе Сноуден

Тој во САД е обвинет по две точки за кршење на Законот за шпионажа и може да биде осуден на по 10 години затвор за секоја точка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...