Со прикажување на снимки од камерата 10 од Собранието на РМ, денеска во Кривичниот суд продолжи рочиштето за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.
Во продолжението на снимките од камерата што и вчера беа прикажани, застапниците на обвинението Вилма Русковска и Ивана Трајчевска појаснија дека се гледа раздвиженост на полициски службеници и припадници на ЕБР, а од правец на салата „длаборез“ се гледа и црвен чад, што потоа целосно го зачадува ходникот. Во 20:57 часот на снимката се гледа полициски службеник како со камера снима во ходникот кон холот „Длаборез“.
На почетокот на судењето бранителот на обвинетиот Влатко Трајковски не беше присутен при што судијката Добрила Кацарска му назначи адвокат по службена должност.
За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.
ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA