Снимка од моментот на ликвидација на напаѓачот во Лиеж ВИДЕО

3194

Во центарот на белгискиот град Лиеж утрово вооружен напаѓач убил двајца белгијски полицајци пред кафуле и еден минувач, а потоа побегнал и заробил една жена, хигиеничарка во едно училиште.

Полицијата успеала да го ликвидира половина час откако тој тргнал во убиствениот поход. Сега се појави снимка на која се гледа моментот кога полицијата го погодила терористот.

„Ле Либре“ пишува дека еден полицаец е повреден во судирот со напаѓачот, додека ББЦ јавува дека  двајца полицајци се повредени, пишува хрватски Индекс.

Белгијската телевизија објави дека напаѓачот вчера бил пуштен од затвор, каде бил поради дрога. Се додава дека токму во затворот тој се радикализирал.

Според пишувањата, напаѓачот прво полицајците ги нападнал со нож, а потоа во текот на борбата со нив, на еден од нив му го одзел пиуштолот и го убил. Минувачот кој исто така е убиен седел на совозачкото место во автомобил кој поминувал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...