Снимка: Бошкоски повторно донесен на паркингот, „Тортура“ продолжува на 20 ноември

724

Случајот „Тортура” на СЈО за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во 2011 година продолжува на 20 ноември, откако на денешното рочиште беа прегледани неколку видео снимки од МВР.

На денешното рочиште беа прегледани неколку снимки од просториите на МВР, како се врши пребројување и внесување во компјутер на сериските броеви од банкноти во апоени од 100 евра.

Пред крајот беше пуштена и друга снимка, на која се гледа како Љубе Бошковски е повторно донесен на паркинг на ресторанот Воденица од ЕБР Тигар, заедно со адвокат.

Од нив се бара да потпишат записници, по што се врши преглед на автомобил „Ланчиа“ со метално сива боја. Од багажниот простор на возилото се вадат документи, облека, неколку чанти и повеќе други работи што се документираат. Доказниот материјал се пакува во присуство на инспектори, адвокатот и Љубе Бошковски, по што Бошковски потпишува извештај.

На снимката се гледа како Бошковски е однесен во насока кон ресторан Воденица, а дел од инспекторите остануваат и го запечатуваат возилото, кое со шлеп служба се носи од паркингот кај ресторан Воденица. Потоа се гледа возилото како се остава на паркинг на МВР.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...