Од утре од 19 па се до 6 часот во понеделник ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во централното подрачје во Скопје, а сообраќакот ќе се пренасочува, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Причина за пренасочување на сообраќајот е снимање на рекламен спот од „Пигменто студио“ од Скопје.
Како што соопшти полицијата, од 23.30 до 1 часот посебен сообраќај ќе има на дел од улицата Димитрија Чуповски од крстосница со булеварот Даме Груев до крстосница со улица 11-ти Октомври.
Од 30 минути по полноќ до 4 часот на дел од булеварот Гоце Делчев од крстосница со улица Лазар Личеноски до крстосница со булевар Филип Македонски како и на дел од булеварот Св. Кирил и Методиј“ од крстосница со булевар Кочо Рацин до влез во ТЦ Рамстор.
Од 2 до 4 часот пак под посебен режим на сообраќај ќе биде дел од булевар Јане Сандански од крстосница со булевар Србија до влез во ТЦ Капитол.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат
наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде
што ќе се одвива настанот.