Случајно наидов на информацијата дека Снежана Манева, вљубеник во Дојранското езеро, активист на Слоу Фуд и риболовец, заловила дојрански рак во „дојранскиот гољ“. Во информацијата пишуваше дека ова ракче е уште еден знак дека кревкиот еко-систем на езерото пополека закрепнува. Веста ме израдува, но уште повеќе ме развесели фактот дека е рибарот – жена.
Со неа ме поврза, се разбира, кој друг ако не, Николче Николовски, нашиот драг соработник, активист и претседател на националниот одбор на здружението Слоу фуд. (Ова е организација која постои веќе околу десет години во земјава и која се залага за добра, чиста и правична храна за секого, базирана на зачувувањето на биодиверзитетот и традицијата).
Вчера, кога ѝ се јавив на госпоѓа Снежана да ја прашам дали ги видела моите прашања за нашето интервју, таа ми рече: „Јас сум сега по риба, ќе ги видам кога ќе дојдам дома“. Бидејќи во Скопје цел ден беше студено и врнеше снег, претпоставив дека штом е по риба, тоа значи дека е таму потопло и не паѓа снег, па ја прашав за времето.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.