Снег на планинските превои, магла на Стража

164

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци на кашест снег на коловозот.

Како што соопшти ЈП „Македонијапат“, врнежи од снег со среден интензитет има на Попова Шапка, а со послаб интензитет во Маврово, Крушево и на планинските превои Стража и  Буково. На патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир врнежите се од дожд и снег.

Поради појава на магла, видливоста е намалена од 20 до 50 метри на планинскиот превој Стража.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...