Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот. Снег со среден интензитет паѓа речиси низ целата територија на државата. На повисоките планинските премини Стража, Плетвар и Ѓавато сообраќајот е отежнат и препорачуваме исклучителна внимателност, поради појава на голомразица – информираат од АМСМ.
На патнитe правци Гостивар – планински премин Стаража – Кичево и обратно и крак Маврово – Дебар и обратно, поради обилни врнежи од снег и негово задржување на коловозот, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.