Од утрово во некои делови во Хрватска врне снег, особено во Сљеме, Завижан, и во северозападниот дел на Горски Котар.
Поради ветерот кој дува во областа, се има впечаток дека температурата е пониска од реалната, јави загрепската Н1 телевизија.
Според најавите на метеоролозите, во вториот дел од седмицава се очекува подобрување на времето.
Претходно и северниот дел на Црна Гора падна снег, и тоа во Беране, Андријевица, Плав и Жабњак.
На Жабљак и утрово паѓаше снег, а температурата во градот во седум часот изнесувала нула степени, јавија локалните медиуми.
Во наредните денови се очекува нестабилно време со врнежи, додека, според проценките на метеоролозите, стабилизација на времето и пораст на температурите ќе има во петок.