Смртноста кај новороденчињата е намалена од 26 на 17 отсто

85

Според Министерството за здравство, во првите шест месеци од годинава, споредено со истиот период лани, смртноста кај новороденчињата на Клиниката за гинекологија е намалена од 26 на 17 отсто.

Нови листи на терапии и посети на одделението за мајките, велат надлежните, се само некои од новините воведени изминатиот месец на Одделението за неонатална интензивна нега и терапија на скопската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) каде како експерт е ангажирана д-р Снежана Рсовац, педијатар, пулмолог и началник на педијатриската Интензивна нега при Универзитетската детска клиника во Белград.

Рсовац, на покана на министерот за здравство Венко Филипче, еден месец престојува на ГАК и помага да се намали смртноста кај новороденчињата. Во овој период, како што информира Министерството за здравство, направени се неколку суштински промени кои придонесуваат за поголема и поорганизирана работа во интерес на малите пациенти.

На иницијатива на д-р Рсовац првпат е воведена и неинвазивна вентилација преку постоечките респиратори, како и специјален НеоПаф – респиратор во салите.

Во договор со директорите на Трансфузиологија и Радиологија, најден е начин како да се забрза изработката на анализите кои ќе бидат готови за само за само еден ден, со што ќе се интензивира работата, а ќе се намали чекањето на резултатите што е примарно за брза лекарска реакција кај новородените.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...