Смртни закани за новинари на Н1 Србија

259

Вработени во Н1 добиле писмо со смртни закани кон нив и нивните семејства поради тоа што, како што наведе телевизијата, известувањата за протестите во Србија.

Писмото исто така содржело закана дека зградата на телевизијата ќе биде крената во воздух.

Н1 соопшти дека заканите се пријавени во полиција.

Испраќачот се потпишал како Белградски ветерани од војните во 1999 година, а во писмото, покрај заканите, имало и членска карта од Сојузот на воени ветерани на Србија.

Претседателот на здружението Жељко Вукелиќ за Н1 изјави дека тие не стојат зад испратените пораки и оти сакаат полицијата да го истражи целиот случај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...