Смртна казна за пет лица осомничени за убиството на саудискиот новинар

743
ФОТО: EPA-EFE /ALI HAIDER

Саудискиот јавен обвинител изјави денеска дека лицето кое го наредило убиството на новинарот Џамал Кашоги е шеф на преговарачкиот тим, кој бил испратен во Истанбул со цел да го врати во Саудиска Арабија.

Тој додаде дека бара смртна казна за пет од 11 осомничени за убиството на Кашоги.

Обвинителот додаде дека не е познато каде се наоѓа телото на Кашоги, и наведе дека е во тек истрага  со цел да се утврди локацијата на која се наоѓаат останките од телото на убиениот новинар.

Тој посочи дека Кашоги, критичар на саудиската политика, убиен е во Конзулатот на таа земја во Истанбул на 2 октомври откако му била вбризгана инјекција, а неговото тело исечено на парчиња било изнесено од зградата.

ФОТО: EPA-EFE /ALI HAIDER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...