Смртна казна за Кинез кој со нож уби 15 лица

80

Мажот, кој со автомобил удри во толпа луѓе, а потоа почна со нож да прободува случајни минувачите во Кина, е осуден на смрт.

Нападот беше извршен на 12 септември во градот Хенан во провинцијата Хунан во Кина, при што загинаа 15 лица, а 43 беа повредени. Повеќе детали за напаѓачот не се соопштени.

Кинеските градови се релативно безбедни во споредба со другите земји. Но, од време на време поединци извршуваат напади со употреба на нож или автомобил, бидејќи поседувањето огнено оружје е строго забрането.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...