Смрзнувачка во Москва – само 11 степени

Метеоролозите, кои имаат статистички податоци од 1948 година, посочуваат дека такви ниски температури во овој регион на Русија се забележани само двапати: во 1996 (+12.2 степени) и во 2003 (+13 степени), но живата никогаш не паднала толку ниско колку денеска.

311

Нови температурен рекорд  е регистриран во рускиот главен град за 70 години мерења, објави метеоролошкиот центар Фобос. Во Москва, денеска температурата на воздухот изнесуваше 11 Целзиусови степени. Просечната температура за овој период од годината е околу 23 степени.

Метеоролозите, кои имаат статистички податоци од 1948 година, посочуваат дека такви ниски температури во овој регион на Русија се забележани само двапати: во 1996 (+12.2 степени) и во 2003 (+13 степени), но живата никогаш не паднала толку ниско колку денеска.

Таква температура е типична за Москва на крајот од септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...