Сметководителката извадила 50 милиони денари од сметките на Ратка и Кристина Камчеви

Таа не знаела за која цел се парите, кои ги донела во две спортски торби.

2092

Сведокот Мирјана Бошковска, вработена во Орка холдинг, во последниве две години како девизен референт и благајник и овластено лице на сметките во фирмите на Камчеви, на денештото рочиште за случајот „Рекет“, рече дека во декември лани извадила поголема сума пари од сметките на Ратка Камчева и Кристина Камчева, а потоа ги менувала во менувачница.

Станува збор за 12 милиони денари кои ги извадила во декември. Во февруари годинава извадила 18 милиони денари од сметката на сестрата на Камчев, Kристина, а од сметката на Ратка Камчева 20 милиони денари.

Откако парите ги сменила во евра, Бошковска ги однела во канцеларијата на Камчев во неговата куќа. Бошковска рече дека извадила пари и од сметката на Ана Камчева, а таа при тоа не била присутна.

Бошковска на прашање на бранителот Дуковски дали го видела Бојан Јовановски кога ги носела парите во куќата на Камчев рече дека не го видела.

Дуковски побара благајничката да објасни како ја составила спецификацијата за вториот пат кога вадела пари во февруари. Таа рече дека со Камчев биле сами во канцеларијата, а спецификацијата покажала дека речиси осумдесет отсто од парите биле од по 50 евра. Парите ги донела во две спортски торби во кои имало 710.000 евра.

Таа одговори со не, на прашањето на Јовановски дали знаела за која цел се парите.

– Никој не ми кажа во какви апоени да бидат сменети парите. Какви имаше такви ми дадоа во менувачницата – рече Бошковска.

Со Зоранчо Митровски, Томе Главчев и Влатко Бошков како сведоци ќе продолжи следното рочиште за „Рекет“ закажано на 25 декември.

Адвокатот на Боки, Сашо Дуковски, по завршувањето на денешното сослушување изјави дека има многу контрадикторности на исказите на сведоците дадени во судницата и оние што ги дале кај Русковска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...