Популарната македонска музичка група „Ареа“ ја објави новата песна со наслов „Те спомнувам“, за која снимија и видеоспот.
Песната е целосно авторско дело на „Ареа“ со текст, музика, аранжман и продукција.
– Спотот е сниман на неколку локации во нашиот роден град Гостивар и тоа во Градскиот парк, Домот на културата и рок-барот „Пинк Флојд“, под режисерската палка на Кристијан Шемко – велат од групата.
Младите артисти кои го разубавија спотот и му дадоа посебна ведрина се: Ана, Маги, Лејла, Теодора, Виктор, Росица, Ема и Војкан.
ФОТО: Јутјуб/Скриншот