Случај Поцеста: Ќерката нарачала убиство само на нејзиниот татко

биството е нарачано за 700 евра, иако според нејзиното сведочење, во понудата било и вработување во Италија на 31-годишниот Ф.Г., соработник во убиството. Девојката рекла дека ракавиците и шамијата ги фрлила во контејнер по пат, за да не остави трага на пиштолот и за да не ја препознаат, објави Алсат-М.

2266

Убиството на семејството Поцеста, кое беше егзекутирано на 27 август во Дебар, постои сомнеж дека е дело на најстарата ќерка со иницијали Б.П.

Алсат-М дознава од свои извори дека 28 – годишната ќерка, дошла во Скопје два дена пред убиството на нејзиниот татко, мајка и 14 годишна сестра. Иако првично не го признала патувањето, полицијата дозна дека таа дошла од аеродромот во Скопје и веднаш застанала во центарот на главниот град каде што купила нов телефонски број со кој го контактирала 31 годишниот Ф.Г. од Гостивар.

Двајцата се сретнале на автобуската станица во Гостивар. Ф.Г. контактирал претходно со девојката преку реклама на веб страница, и како возач и придружник на девојката, обезбедил изнајмен автомобил за 60 евра за подоцнежната активности. Триесет и еденгодишниот соработник во овој настан, исто така, го вклучил и неговиот 61 – годишен вујко, В.К од Дебар, познат по бројни криминални дела во локалната полиција, кој обезбедил пиштол.

Според извори на Алсат М, пиштолот е обезбеден за 400 евра. По привременото сместување во хотел во Струга, девојката отпатувала кон семејството во Дебар со Ф.Г. Нејзините подоцнежни изјави се нејасни во однос на нејзината улога во настанот, но вели дека таа го обезбедила пиштолот по барање на нејзиниот татко. Таа дошла кај семејството, го оставила пиштолот под тепих и се вратила во Струга.

Но, во нејзиното подоцнежно сведоштво, 28 – годишната девојка со престој во Италија признала дека таа го нарачала убиството, но со намера за убиство само за нејзиниот татко. Убиството е нарачано за 700 евра, иако според нејзиното сведочење, во понудата било и вработување во Италија на 31-годишниот Ф.Г., соработник во убиството. Девојката рекла дека ракавиците и шамијата ги фрлила во контејнер по пат, за да не остави трага на пиштолот и за да не ја препознаат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...