Словенија денеска се очекува да го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.
Словенија ќе биде втората земја-членка на Алијансата која по Грција ќе го ратификува Пристапниот протокол во НАТО.
На седницата се очекува да присуствува и претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, кој e во официјална посета на Словенија.
Според најавите од Албанија, вo четврток Пристапниот протокол треба да биде ратификуван и од албанскиот Парламент.
Photo: EPA / STEPHANIE LECOCQ