Словенија го бара местото еврокомесар за проширување

431

Словенија е заинтересирана за местото европски комесар за проширување во идниот состав на Европската комисија, изјави денеска премиерот на таа земја Марјан Шарец.

– Еден од ресорите кои не интересираат е оној за проширување. Повеќепати нагласивме дека го познаваме Западен Балкан и дека тука можеме да дадеме придонес – истакна Шарец.

Тој истакна дека Словенија може да биде задоволна од распределбата на клучните позиции во европските институции и истакна дека од новата Еврокомисија очекува „повеќе активности во однос на ширењето на ЕУ на Западен Балкан“, како и напредок во некои други прашања. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...