Амбасадорот на Словенија во земјава, Милан Јазбец на панел дискусијата за одбрана на европските вредности во процесот на пристапување на тема „Како да се користи интеграцијата во ЕУ за унапредување на човековите права во регионот“, истакна дека процесот на проширување на ЕУ интеграциите и напредување на човековите права веќе е почнат во Србија и Црна Гора во овој регион на Западниот Балкан, а се очекува сега и зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија.
– Гледаме колку човековите права се камен темелник на нашите животи. Постојат и прашања кои на прв поглед не личат на прашања на човековите права, но ако влеземе подлабоко ќе видиме дека се дел од човековите права. Едно од тие права, според мене, е и чистиот воздух. Ова право се уште го нема во Уставот, но јас се надевам дека со текот на време и тоа ќе се промени. Сега е зима, а чист воздух во Скопје и Тетово речиси да не постои – рече Јазбец.