Словенечката полиција разоружа припадници на „Штаерската стража“

216

Словенечката полиција во близина на Кршко разоружала повеќе лица, припадници на таканаречената „Штареска стража“ на контроверзниот Мариборчанец Андреј Шишка, кои во последните недели за време на викендите патролираат во делови од границата со Хрватска,  барајќи илегални мигранти.

Словенечката телевизија ПОП-ТВ информира дека тоа се случило во утринските часови кога членовите на оваа група имале собирање во ловниот дом Планина, кај селото Побожје.

Веста за медиумите ја потврди Антон Штубљар од Полициската управа Ново Место, задолжен за овој сектор од границата, пренесе Хина.

Полицијата забележела вооружена група лица, со маскирни униформи. За 41 лице е извршена проверка на идентитетот, а на седуммина им е одземено оружјето, па е упатено на анализи, изјави Штубљар.

Доколку се утврди дека станува збор за вистинско оружје и дека станува збор за прекршок, полициијата наведува дека има намера да поднесе обвиненија против овие лица.

Незаконските активности на „Штаерската стража“ словенечката Влада сака да ги спречи со измена на некои закони, како што е забраната да се носат униформи кои потсетуваат на воена или полициска, а исто така и носење оружје во близина на границата, бидејќи тоа се овластувања кои им припаѓаат само на војската и на полицијата.

Неодамна за овие контроверзни „селски стражи“, за кои некои сметаат дека се паравоени формации, се оддржа и состанокот на владиниот Совет за национална безбедност, а владата најави и законски измени за делувањето и активностите на ваквите формаици да се прекинат и доведат во законските рамки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...