Слободни синдикати за утре најавија протест пред Владата

232

Конфедерацијата на слободни синдикати за утре попладне најавува протест пред Владата барајќи исполнување на нивните барања за усогласување на платите во јавниот сектор согласно покачувањето на минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати се и против трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор.

– Бараме усогласување на платите во јавниот сектор со покачувањето на минималната плата кое во моментот е 25 проценти. Бараме и исплата на К-15 во јавниот сектор бидејќи сме дискриминирани, а не се согласуваме и со трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор – изјави претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

Протестот е закажан во 16 часот бидејќи, како што велат од КСС, утрешниот ден е прогласен за работен.

Од КСС посочуваат дека поддршка имаат и од Европската и Светската конфедерација на синдикати. Тие, како што информираат од КСС, го поддржуваат протестот со кој се повикува на почитување на законите, колективните договори и меѓународните трудови стандарди кои ги има ратификувано Македонија, особено, конвенциите 87 и 98 од Меѓународната Организација на труд и Европската Социјална Повелба.

Протестите на КСС почнаа во јануари 2018 година во Скопје, а продолжија во Прилеп, Штип, Кичево и во Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...