Слободен удар – Чие е нашето гомно?

А гомното нема да биде исчистено сè додека се смета дека „никој не е должен да го избрише, освен личноста што го направила“. А таа не го брише, зашто не е личност (ако била, немало да го направи тоа), туку гомно. И така во круг. И затоа никогаш нема да излеземе од гомната. Сè додека не влезе некој Американец

1336

Кога ќе влезеш во унередено ве-це, прво пушташ вода за да се исчисти, па потоа прашуваш, за да се расчисти, кој го тоа направил. Така советува една поговорка, типично американска, што ќе рече неприменлива во специфично европски неприлики, каква што е оваа.

Средношколци од „Кирил и Методиј“ од Неготино биле на екскурзија во Италија и некој од нив извршил нужда (голема) на подот од бањата. И сега Снежана Стојановиќ, тур-оператор за Италија и Европа од „A&A Group DMC“, му пишува на Тони Ристовски, сопственик на агенцијата „Балкан турист“ со која дошле средношколците, дека „жената што ги чисти собите, не сакала тоа да го избрише, бидејќи никој не е должен да избрише такво нешто освен личноста што го направила“, дека „сите се запрепастени од таквото некултурно и срамно однесување под секое ниво на елементарната култура“ и, конечно, дека таа во иднина нема да ги прима групите на Ристовски од Македонија со образложение: „Не сакам да ја доведам во прашање мојата долгогодишна соработка со хотелите“.

Ристовски, сопственик на агенцијата, тврди дека децата биле недисциплинирани и оти тој не е одговорен за настанот. Учениците, пак, го обвинуваат него за „некоректен и непрофесионален однос“, и родителите се на слични позиции како и нивните деца, јавноста бара одговорност и „став“ од Министерството за образование…

А гомното нема да биде исчистено сѐ додека се смета дека „никој не е должен да го избрише, освен личноста што го направила“. А таа не го брише, зашто не е личност (ако била, немало да го направи тоа), туку гомно. И така во круг. И затоа никогаш нема да излеземе од гомната. Сѐ додека не влезе некој Американец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...