СЛОБОДЕН УДАР Власта задоволна од слободата на медиумите

Поучени од сознанијата на Полин Адес и, особено, од нашето сопствено искуство може слободно да кажеме дека таа шанса е единствената што политичарите никогаш ниту ја искористиле, ниту ќе ја искористат. Точно: тоа е најважно од се.

319

Секоја година, во секој поглед, се повеќе назадуваме. Таква е генералната оценка за состојбата, односно за слободата на и во медиумите во светот, искажана од претставници на највисоки институции – од Европската унија до Обединетите нации – по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 Мај. Причини има многу, но можеби клучна е таа што ја наведува претставничката на „Репортери без граници“ за Балканот, Полин Адес: „отвореното непријателство на политичките лидери кон новинарите веќе не е карактеристика само на авторитарните режими, туку и на демократските друштва во кои се премести сличен говор на омраза“. Ако е така, ако веста не е дојдена од светот на лажните, тогаш уште сега може да ја напишеме оценката за слободата на медиумите во 2019 година. Се разбира, ќе биде послаба од годинашната и не ќе може ни на Совет (на ЕУ) да ја поправат.

Слична е состојбата и со медиумите во Македонија, ама оценките за неа се драстично различни. И од еснафските здруженија и, особено, од власта. Министерот за транспарентност Роберт Поповски, на пример, смета дека „денеска има гласност наспроти молк и треба да сме горди на создадениот амбиент на гласност“ и нагласи дека „Фридом Хаус ја посочи Македонија како светла точка за медиумите во регионот“. На најновата ранг-листа на „Репортери без граници“ Македонија свети на 109 место, последна во регионот. Точка. Неговиот колега Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество, гарантира дека измените во Законот за АВМУ, овозможуваат слободно и независно работење на медиумите и уште нешто:„најважно од се, даваат шанса политичарите да ги тргнат рацете од медиумите“.

Поучени од сознанијата на Полин Адес и, особено, од нашето сопствено искуство може слободно да кажеме дека таа шанса е единствената што политичарите никогаш ниту ја искористиле, ниту ќе ја искористат. Точно: тоа е најважно од се.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...