Во бомбите за случајот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности можеше да се слушне како се правел притисок врз гласачите. Во еден од разговорите, соговорничка на Миле Јанакиески му реферира за нејзините луѓе кои веќе излегле да гласаат и ѝ кажале дека гласале и сликале, па прашувале дали треба да ги пратат фотографиите.
Можеше да се слушне и дека активисти на партијата лично му се јавуваат на Јанакиески да му кажат дека уште од сабајле излегле на гласање.
Во разговор на шефот на кабинет на екс премиерот Никола Груевски, Мартин Протуѓер можеше да се слушне како тој вели директорот на охридското комунално со кола да носи, како што вели, цигани да гласаат.
– Под закани да носи Цигани вработени во комунално да гласаат – се слушна во еден од разговорите.
На денешното судско рочиште за „Титаник“ беа пуштени околу 120 телефонски разговори кои се однесуваат само на локалните избори во март 2013 година. Со оние разговори од претходните рочишта досега се преслушани над 500, а остануваат за слушање уште најмалку толку бидејќи СЈО за овој предмет поседува над 1.000.