Слеп татко го носел синот инвалид на раменици за да го спаси од Доријан, водата му била до брадата

380
ФОТО: Принтскрин / Си-Ен-Ен

Откако ураганот Доријан го уништил кровот на нивната куќа, 49-годишниот Брент Лов бил принуден да го одведе својот 24-годишен син на сигурно. Тоа го направил и покрај водата која му достигнала до брадата, тоа што е слеп, а неговиот син не може да оди.

Брент го изгубил видот пред 11 години.

– Бев престрашен, не верував дека е толку длабоко. Очекував дека водата ќе ми биде до колената. Кога зачекорив, сфатив дека ќе морам да пливам – рече тој, додавајќи дека заедно со синот, роднини и соседи се криеле во тоалетот.

Тој го носел синот пет минути низ водата, додека да стигнат до куќата на соседите, каде ги чекале лица за да ги однесат на безбедно.

Брент на трети септември бил евакуиран за да може да оди на дијализа три пати неделно. Грижата за неговиот син ја презела неговата сестра.

Лов не знае што се случило со неговата најстара ќерка, откако телефонските линии биле прекинати, тој не успеал да стапи во контакт со неа.

По Доријан, Брент остана без дом, како и многумина на Бахамите. Во некои населби уништени се и 95 отсто од куќите.

ФОТО: Принтскрин / Си-Ен-Ен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...