Слепиот патник паднал од долниот дел на авионот на „Кенија ервејс“ додека се приближувал кон аеродромот „Хитроу“, во бавчата во јужен Лондон, потврдиле официјалните лица.
Полицијата во Лондон рекла дека наишле на тело во неделата и дека веруваат дека жртвата паднала од авионот.
Авионот полетал од Најроби во Кенија.
„Инцидентот се третира како ненадејна смрт и сега е прашање на полицијата, која работи и на идентификувањето на жртвата“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.
Сопственичката на куќата рекла за британски „Мирор“ дека мажот лежел со лицето надолу, и замалку го промашил станарот кој се сончал во бавчата во тоа време.
– Беше страшно. Слушнавме гласен удар. Најпрво помисливме дека доаѓа од зградата која се гради. Сопругот и јас излеговме и здогледавме тело кое лежи на средината на тревникот – рекла таа.
Истражителите рекле дека откриле торба, вода и храна во делот на авионот за слетување, што укажува на тоа дека човекот таму се сокрил и испаднал среде летот.