Следува стабилно и суво време

531

Следува период на стабилно и суво време, освен утре кога ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег, а наместа и услови за замрзнат дожд.

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност.

Дневните температури ќе бидат во пораст. Во Скопје 3 Целзиусови степени, Охрид 5, Битола 3, Кавадарци 5, Крива Паланка 4, Берово 2, Дојран 7…

Од сабота дневните температури ќе бидат во пораст. Во сабота температурата ќе биде од 4 до 11, а во недела од 6 до 13 степени.

По котлините ќе има услови за појава на магла особено утре и за време на викендот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...