„Слатка“ кражба во Австрија: Украле камион со 160.000 колачи

172

Крадци украле камион со 160.000 колачи прелиени со чоколадо, соопшти австриска компанија што ги произведува тие слатки.

Камионот, украден во текот на ноќта, бил натоварен со 33 палети од популарните колачи „шведенбомбонен“, прелиен со чоколадо и шлаг на крцкава вафла.

Компанијата соопшти дека камионот бил лоциран со ЏПС јужно од Виена и во близина на границата со Унгарија, но товарот исчезнал.

Полицијата продолжува со истрагата за пронаоѓање на сторителите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...