Слаткар во најновата песна: „Живееме у шупа, ни фалат евра…“ (ВИДЕО)

481

По долгата пауза од музичката сцена, Слаткар се врати со песната „Отворено писмо“ во кое ги третира актуелните општествени и економски теми и веели дека ќе гласа ЗА на Референдумот на 30 септември.

„Чувствувам потреба, а и чувствувам одговорност да им се обратам на сите оние кои мислат дека живееме во…”, вака звучи воведот во новата песна на Слаткаристика насловена „Отворено писмо”.

Тој во песната уште вели „Живееме у шупа, ни фалат евра, никој не не игра, јебига друга опција нема….

Слаткар, односно Марко Маринковиќ е автор и на музиката и на стиховите, битот е дело на Јоксан Гарсија Варгас, а миксот и мастерингот на Иван Јованов (Ивајо), а визуализацијата на Филип Пауновски.

„Отвореното писмо” доаѓа по неколкумесечна пауза, односно по осмомартовската „Луда романтика”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...