На 1 декември се одбележува Светскиот ден на борбата против сида. Тоа е можност луѓето ширум светот да се обединат во борбата против ХИВ и да им дадат поддршка на луѓето кои живеат со оваа болест, а да се сетат и она оние кои умреле од оваа болест.
Светскиот ден на борбата против сидата почнал да се дбележува во 1988 година.
Фреди Меркјури (1946-1991)
Фреди Меркјури, пејачот од групата „Квин“, од ХИВ умрел на 24 ноември 1991 година на 45-годишна возраст.
Тој со години дијагнозата ја криел од јавноста, а починал од воспаление на белите дробови предизвикано од сидата, неколку денови откако јавно открил дека е ХИВ позитивен.
Артур Еш (1943-1993)
Артур Еш е тенисер кој добил сида во текот на трансфузија на крвта, а се залагал за кревање на свеста на луѓето на темата на сида или ХИВ. Починал на 49-годишна возраст поради компликација предизвикана од вирус. Тој е првиот Афроамериканец кој освоил Вимблдон и УС Опен.
Чарли Шин (54)
Актерот во 2015 година јавно признал дека е ХИВ позитивен, болеста му била дијагностицирана во 2011 година, но во јавноста признал четири години подоцна за да ја крене свеста на луѓето и своите обожаватели.
Меџик Џонсон
Славниот играч на „ЛА лејкерс“ го изненади светот кога во дамнешната 1991 година откри дека е заразен со ХИВ. Тој е најдобриот пример дека со правилна терапија може да се живее долго со овој вирус. Оваа животна трагедија не го спречи да биде одличен спортски аналитичар и бизнисмен.
Ентони Пeркинс (1932-1992)
Ентони Паркинс се прославил со улогата во филмот @Psiho“, а починал на 12-ти септември 1992 година. Имал 60 години и се шпекулирало дека бил во врска со многубројни машки холивудски ѕвезди.
Џија Каранџи (1960-1986)
Манекенката која се сметала за првиот супермодел на светот и која се борела со зависност од хероин поради што „трпела“ и нејзината кариера.
Таа се заразила со ХИВ па од последиците на сидата починала на 27 години Приказната за нејзиниот живот е екранизирана во филмот „Џија“ од 1998 година, каде ја глумеше Анџелина Џоли.
Изи Ај (1964-1955)
Раперот Ерик Лин Рајт, познат како Изи Ај во 1995 година објавил дека умира од сида. Своите последни денови 31-годишникот ги користел за кревање на свеста за таа болест.
Рок Хадсон (1925-1985)
Се смета за еден од најдобрите актери на сите времиња. Било познато дека е хомосексуалец, но тоа никогаш не го признал во јавноста.
Додека неговата кариера одела по нагорна линија, Хадсон и неговиот агент Хенри Вилсон се труделе да го скријат неговиот приватен живот од очите на јавноста. Во 1955 година магазинот „Конфиденшл“ се заканил дека ќе напише статија со која ќе го разоткрие тајниот хомосексуален живот на Хадсон. Набрзо по инцидентот, Хадсон се оженил со секретарката на својот агент Филис Гејстс. Во 1958 година таа се развела од Хадсон.
Во 1985 година тој соопштил јавно дека има сида, а починал по само три месеци. Хадсон станал една од првите големи холивудски ѕвезди кои умреле од компликации предизвикани од сидата.
Рудолф Нуруев (1938-1993)
Балетската легенда Рудолф починал од ХИВ на 6 јануари 1993 година на 54-годишна возраст.
Џија Каранџи
Ентони Перкинс