Славните ѕвезди се кренаа на нозе за да го ослободат осуденикот на смрт ФОТО

Адвокатите на Родни Рид посочуваат дека се појавуваат докази што го ослободуваат Рид и го инкриминираат поранешниот полицаец Фенел.

1144

Околу 60.000 Американци, меѓу кои и познати личности како Ким Кардашијан и Сузан Сарандон, бараат милост за осуденикот смртна казна кој би требалао да биде погубен за три недели и за кого се убедени дека е невин.

Црнецот Родни Рид (53) би требало да добие смртоносна инјекција на 20 ноември за злосторството што го негира.

Старлетата Ким Кардшијан објави на Твитер дека се појавиле нови сведоци кои тврдат дека Родни не е убиецот.

Тој бил осуден на смртна казна во 1998 година од страна на поротата составена само од бели мажи, за силување и убиство на Стејси Ститс, 19-годишна бела жена.

Трагите од неговата сперма биле пронајдени на жртвата, но тој упорно тврди дека е невин и вели дека биле во тајна врска.

Неговите адвокати веруваат дека доказите до кои дошле по судењето го товарат Џими Фенел, поранешен полицаец, кој отслужи 10-годишна казна за друго силување.

Адвокатите на Родни Рид посочуваат дека се појавуваат докази што го ослободуваат Рид и го инкриминираат поранешниот полицаец Фенел.

Со интернетска петиција, организирана од активистката Соер Хелен Прежеан и Здружението Проект на невиност, собраа речиси 60.000 потписи, со кои се бара од гувернерот на Тексас, Грег Абот, да го помилува Рид.

 

 

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...