Две музички сензации, Јунг Џун-јанг (30) и Чои Јонг-хун (29) осудени се за бизарно силување на две жени. Тие прво ги дрогирале овие жени, а потоа ги принудиле на секс и сето тоа го снимале со својот телефон.
Светот на К-поп музиката (жанр кој е многу популарен во Јужна Кореја) е преполн со бизарни скандали кои постојано ја тресат јавноста. Самоубиствата на пејачите и пејачките се многу чести, а самоповредувањето и сексуалната злоупотреба се составен дел на музичката сцена во Јужна Кореја, која стана планетарно популарна во последните неколку години.
Сега, светските медиуми објавија за грозоморниот случај кој моментно го тресе К-поп, а станува збор за обвиненија против двете sвезди, Јунг Џун-јанг и Чои Јонг-хун, кои се осудени за брутално силување на две жени.
Судијата на Сеул пресудил дека двете млади sвезди се виновни за силување, а дополнителна отежнувачка околност во нивниот случај било и тоа што тие се снимале за време на сексот и притоа се изживувале врз жртвите. Судот утврди дека жените биле третирани како „објекти за нивно сопствено сексуално задоволство“ и дека нивниот третман бил нехуман.
Кога ја слушнале пресудата, и Јунг Џун-јанг и Чои Јонг-хун почнаа да плачат. Девојките биле силувани двапати во текот на 2016 година.
Јунг покрај тоа бил обвинет и за снимање на сексуалниот чин со жените без нивна согласност и знаење, како и за споделување на таа порнографска содржина без нивна согласност. Јунг доби шест години затвор за своите дела, а Чои пет години затвор.
И двајцата беа членови на интернет групи во кои се споделувале аматерски секс-видеа, како и шеги за дрогирањето и силувањето на жени. Исто така, се дознало и дека нивните жртви биле дрогирани и не биле во состојба да пружат никаков отпора на своите напаѓачи.
„Тешко е да се замислат екстремните страдања што жртвите морале да ги искусат – рекол судијата на крајот од пресудата.
И двајцата мажи ќе треба да поминат и низ 80 часа сексуално образование.
FOTO: Instagram/Printskrin