Славниот пејач откри: Поради дрогата сакав да се самоубијам

Поради гласовите и чекорите што ги слушнал извесно време, тој речиси, како што вели, полудел.

1090

Иако уживал во моментите на славата и сè што таа донесува, пејачот имал и некои лоши моменти во тој период, без оглед на тоа што сè изгледало идеално.

Зборувајќи за деновите на најголемата слава на групата „Take That“, 45-годишниот Роби Вилијамс признал дека чудната куќа во која живеел, во комбинација со опијатите што ги земал, за малку го чинела живот.

– Веднаш ми беше чудна, темно и со некаква енергија – изјави Роби за куќата во „Primrose Hill“, каде што живеел со поранешната девојка.

Поради гласовите и чекорите што ги слушнал извесно време, тој речиси, како што вели, полудел.

– Тогаш земав многу кокаин. Во куќата слушав чекори кои одат по скалите нагоре. Тоа брзо се влошуваше. Мојата поранешна девојка мислеше дека тоа е нејзиниот дедо. Влегував во автомобилот и „тоа“ влегуваш по мене на задното седиште. По два месеци, повеќе не можев да се справим со тоа, сакав да се убијам – рекол пејачот, додавајќи дека еден ден се разбудил и здогледал темна магла на работ од креветот.

Тоа, како што вели Роби, била капка која ја прелила чаша. Отишол во хотелот, а подоцна дознал дека неговата куќа е изградена на врвот на гробиштата.

Неговата сопруга Ајда Филд, пред неколку години, потврди дека Роби во времето на најголемата слава со групата „Take That“ размислувал за самоубиство.

– Имаше периоди во неговиот живот кога мислеше дека повеќе не може да постои – рекла таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...