Славниот пејач оди во пензија, а таа е виновна за тоа!

Ширан се венча во тајност во 2018 година, а Чери е неговата љубов од детството. Неодамна рекол дека планираат семејство.

930

Популарниот пејач Ед Ширан (28) одлучил да се повлече во привремена пензија, откако во музичката индустрија заработи вистинско богатство.

Ширан оваа година се појави на 17. место на листата на најбогатите британски музичари, а на последниот концерт во рамки на турнејата, рекол дека се повлекува за да може повеќе време да помине со сопругата Чери Сиборн.

– Како што знаете, или не знаете, последните две години сум на турнеја и ова е последниот ден од целата таа приказна. Има тука нешто горчливо-слатко. Сакам што вие луѓето (публиката) сте тука, но ова е мојот последен настап за следните минимум 18 месеци – рекол Ширан.

Тој напоменал дека во изминатите две години пеел пред 9 милиони луѓе. Задржувајќи ги солзите, Ширан на последниот концерт во Ипсвич им се заблагодари на сите и им порача: „Се гледаме за неколку години“.

Ширан се венча во тајност во 2018 година, а Чери е неговата љубов од детството. Неодамна рекол дека планираат семејство.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...