Оскаровецот Тимоти Хатон е обвинет за силување на 14-годишната Сера Џонстон пред 37 години. Хатон тврди дека сè е лага, тој ангажирал дури две правни фирми и тројца портпароли во борбата со поранешната манекенка.
Со Оскар наградениот актер, Тимоти Хатон е обвинет за силување на тогашната 14-годишна девојка Сера Џонстон пред 37 години во Ванкувер. Поранешната детска актерка поднесе тужба против Хатон на крајот на 2019 година, во која беа наведени вознемирувачките детали за силувањето, кое, наводно, се случило во 1983 година.
Приказната ја донесе порталот BuzzFeed, во интервју за Сера Џонстон тие излегоа со ужасни детали за тоа што, тврди таа, пред 37 години, во голема мерка го одредиле нејзиниот живот и иднина.
Сера со своите две пријателки го запознала Хатон беше во локалното кафуле додека се снимал „Ајсмен“ во Ванкувер. Тој бил во друштво на пријатели, а кога ѝ се обратил на Сера и нејзината екипа – девојките беа повеќе од среќни. Како не би биле, рекла таа, кога нејзе ѝ се обратил идолот, добитник на Оскар, млад човек кој постигнал сè што сакала и таа да постигне за неколку години. Наскоро Хатон предложил да ја пренесат забавата од кафулето во неговата хотелска соба – Сера, тој, неговите пријатели и нејзините пријателки.
Таму им понудиле и пијалак, а Сера набрзо сфатила дека нешто не е во ред.
– Тој се доближуваше сè поблиску до мене, ми ги галеше нозете. Знаев и си мислев: „Ова не е добро, нема да биде добро“, се сеќава Џонстон. Наскоро се смрзнала од страв, ја убедил да оди во спалната соба со него и неговиот пријател додека нејзините пријателки останале во дневната соба.
Во собата ја соблекле, рекла таа, делувала како ритуално соблекување, подготвување за операција или соблекување на кукла. Таа не се ни подмрднала. Хатон набрзо ја силувал на креветот додека неговиот пријател гледал.
– Беше ужасно болно. Го молев да престане. Застрашувачки, апсолутно застрашувачки – открила Сера за BuzzFeed.
Неговиот пријател се обидел да ја натера на орален секс. Сера Џонстон рекла дека тоа искуство ѝ го одбележало животот и понатамошната иднина.
Тимоти Хатон категорично ги отфрла сите обвиненија на Сера кон него и тврди дека таа сака само да извлече огромни пари од него.
Сера побарала отштета од 1,5 милиони долари, но Хатон одбил да плати. Тој се согласил да ѝ плати 135.000 долари за да не ја изнесува приказната во јавност.
Двете девојки, кои беа во хотелската соба со Сера, се појавија пред новинарите. Тие сведочеле, останувајќи анонимни, дека Сера била во спалната соба со двајцата мажи и дека мислеле дека станува збор за секс за кој Сера се согласила. Таа им звучела чудно и во болки, но тие не ни можеле да претпостават дека станува збор за силување.
– Само да ѝ кажете дека сум ужасно ми е жал што не го спречив тоа – рекла една од нејзините пријателки во интервјуто.