Американскиот комичар и актер Кевин Харт (40) e хоспитализиран за „сериозни повреди на грбот“ што ги претрпел во сообраќајна несреќа во Калифорнија во неделата, јавуваат локалните медиуми.
Несреќата се случила кога возачот на Харт ја изгубил контролата над автомобилот рано во неделата рано наутро и излетал од патот. Харт и возачот биле пренесени во болница и задржани поради „сериозни повреди на грбот“, пренесува Си-би-ес. Уште едно лице кое било во автомобилот, наводно, се здобило со полесни повреди.
Полицијата соопшти дека возачот не бил под дејство на алкохол.
Кевин Харт се прослави со улогите во комедиите „Тајната служба“ и „Get Hard“. Тој требаше да ги води овогодинешнето доделување на Оскари, но се повлече откако имаше протести против неговите стари хомофобични твитови, кои ги објавувал меѓу 2009 и 2011 година и ѝ се извини на LGBTQ заедницата за „нечувствителни зборови во минатото“.
ФОТО: EPA / CLEMENS BILAN