Познатата холивудска актерка Џејми Ли Кертис на Твитер напиша дека е воодушевена од македонскиот документарен филм „Медена земја“.
– Колку перфектен филм за овој момент. „Медената земја“ е зачудувачка. Алчност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Упорност. Воодушевена сум – напиша Ли Кертис.
What a perfect film for this moment. #honeylandmovie @HoneylandDoc is staggering. Greed. Avarice. Family. Love. Honor. Nature. Perseverance. I am stunned by it. pic.twitter.com/PychSjojI5
— Jamie Lee Curtis (@jamieleecurtis) January 18, 2020