Холивудската актерка Сузан Сарандон во октомври наполни 73 години, но се чини дека таа бројка нималку не ја попречува во кариерата, барем судејќи според фотографиите и трејлерот од нејзиниот последен филм на кој работи „The Jesus Rolls“.
Филмот е направен како неофицијален спин-оф на филмот од 1998 година „Големиот Лебовски“, во режија на Џон Туртуро. Тој во спин-оф го игра ликот на Исус Квинтана, а на сетот му се придружија и други познати холивудски имиња. Исклучителните актери и жешките секс-сцени се она што го прават овој филм примамлив за гледање.
Фотографиите од снимањето покажуваат дека водечките актерки Одри Тоту и Сузан Сарандон се нашле во жешка сцена со двајца колеги на сетот, 49-годишниот Боби Канавале и 62-годишниот Џон Туртуро.
Сузан разменува жешки бакнежи и нежности во креветот, а подоцна заедно разголени спијат во него.
Сузан Сарандон се закити со престижната награда Оскар за нејзината улога во филмот „Мртов човек оди“ од 1995 година.