Славната манекенка се фотографираше гола на 48 години ФОТО

Поводот за ова фотографирање е одбележувањето на 25 години откако славната манекенка првпат се фотографирала за насловницата на шпанскиот „Вог“.

3714

Една од најпознатите и најуспешните манекенки Клаудија Шифер (48), со разголените фотографии што ги постави на својот профил на Инстаграм, покажа дека и понатаму изгледа фантастично.

Клаудија се фотографирала сосема гола за насловната страница на најновото издание на италијанскиот магазин „Вог“. Поводот за ова фотографирање е одбележувањето на 25. години откако славната манекенка првпат се фотографирала за насловницата на шпанскиот „Вог“, далечната 1994 година.

Клаудија во текот на својата манекенска кариера красеше повеќе од 500 престижни насловни страници.

Убавицата со германско потекло и денес може да се пофали со манекенска линија.

– Староста треба да се слави и почитува. Имам 48 години, и така се чувствувам и се гордеам. Постои причина зошто имаме роденденски торти и забави по повод родендените – неодамна изјави Клаудија, а сега и покажа дека се чувствува одлично во сопствената кожа.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...